Чингова окатка (науч. Pseudochazara cingovskii) — ендемска пеперутка на Македонија што живее само на Плетвар, Прилепско, на површина не поголема од 1,5 км² и на ниедно друго место во светот. Припаѓа на родот лажни хазарки (Pseudochazara).
Овие пеперутки се светлосиво обоени со што успешно се прикриваат од грабливците на исто така сивите камења и е одличен пример за камуфлажа.
Пределот кој го населува е сув, со каменита, варовничка подлога, која е прекриена со ретка вегетација, на надморска височина од 1000 до 1200 м.
Како возрасна единка, пеперутка, лета од крајот на јули и почеток на август кога и се размножува и полага јајца, но сѐ уште не е потврдено во која форма ја минува зимата.
Главна закана за опстанокот на оваа пеперутка е каменоломот кој се наоѓа блиску до нејзиното живеалиште. Потврда за ова е тоа што постојат податоци дека големината на популацијата во изминативе години е намалена за 30%, односно брои не повеќе од 10 000 единки.
Оваа пеперутка го добила латинското име по македонскиот ентомолог Јонче Чинговски.
Чингова окатка (науч. Pseudochazara cingovskii) — ендемска пеперутка на Македонија што живее само на Плетвар, Прилепско, на површина не поголема од 1,5 км² и на ниедно друго место во светот. Припаѓа на родот лажни хазарки (Pseudochazara).
Чингова окаткаОвие пеперутки се светлосиво обоени со што успешно се прикриваат од грабливците на исто така сивите камења и е одличен пример за камуфлажа.
Пределот кој го населува е сув, со каменита, варовничка подлога, која е прекриена со ретка вегетација, на надморска височина од 1000 до 1200 м.
Pseudochazara cingovskiiКако возрасна единка, пеперутка, лета од крајот на јули и почеток на август кога и се размножува и полага јајца, но сѐ уште не е потврдено во која форма ја минува зимата.